Фудбал
Погба го пропушта натпреварот со Манчестер Сити и дуелите со Борнмут и ВБА
Францускиот репрезентативец од редовите на Манчестер Јунајтед Пол Погба ќе паузира најмалку три натпревари поради директниот црвен картон кој што го доби на натпреварот со Арсенал.
Санкцијата од три натпревари следува автоматски по директниот црвен картон, што значи дека ќе го пропушти дербито со Манчестер Сити, како и натпреварите со Борнмут и Вест Бромвич Албион.
Од Манчестер Јунајтед размислуваат дали да се жалат поради исклучувањето на Погба, бидејќи сметаат дека Французинот ненамерно го стапнал противничкиот играч, кој прв стигна до допката.
Доколку Јунајтед одлучи да се жали, а жалбата е одбиена казната на Погба ќе биде зголемена на уште еден натпревар.