Фудбал
„Погба мора да почне да го користи мозокот ако сака да успее во Манчестер Јунајтед“
Францускиот фудбалер Пол Погба пред две години одлучи да се врати во Манчестер Јунајтед, но се уште не успеа да ги покаже вештините кои ги покажуваше во Јувентус.
Погба во претходните две сезони доби голем број на критики на сметка на својата игра, а истата судбина ја доживеа и од француската јавност додека траеше Светското првенство. Меѓутоа, Погба после тоа играше многу подобро, а на крајот беше еден од најзаслужните со чија помош Франција стигна до врвот на светот.
Иако во последно време се шпекулира за тоа дека Погба би можел да се врати во Јувентус, изгледа дека нема да се случи затоа што Манчестер Јунајтед сега не сака да го пушти толку лесно. Легендарниот фудбалер на „Црвените ѓаволи“ Пол Сколс изјави дека верува дека Погба може да успее на „Олд Трафорд“, но мора да го користи својот мозок на теренот.
„Пол мора да го пронајде својот ритам кој ќе трае повеќе од два или три натпревари. Гледајте ги неговите игри и се ќе ви биде јасно. Една недела е одличен, а во наредната го нема никаде. Тој стана играч кој ќе одигра добро еден од четири натпревари. Ако сака да ја освои лигата со Јунајтед тоа мора да се промени. Преба да стане „газда“ како во Јувентус и да биде важен дел од екипата. Едноставно мора да почне да го користи мозокот ако сака да успее во Манчестер Јунајтед. Малку да почне да размислува и ќе биде врвен играч“, рече Сколс.