Фудбал
Погба: Мурињо мислеше од мене да направи будала
Отказот кој го доби Жозе Мурињо во Манчестер Јунајтед е главна тема кај британската јавност.
“Црвените ѓаволи“ под водството на Португалецот не бележеја баш најдобри резултати, поготово во Премиер лигата каде се наоѓаат на шестото место, што е под сите очекувања, па според тоа јавноста не беше изненадена од веста за раскинување на соработката.
Со самото тоа и атмосферата во тимот беше далеку под нивото, а тоа го потврдува и фактот дека само двајца играчи сакаа Мурињо да остане на „Олд Трафорд“, и тоа Немања Матиќ и Ромелу Лукаку. Меѓутоа оној кој најмногу се радуваше на ваквиот расплет на ситуацијата е Пол Погба.
„Мислеше дека од мене ќе направи будала, сакаше да ги сврти навивачите против мене… Но се зафркаваше со погрешен човек“, наводно викал Погба на тренингот во вторникот пренесува „The Sun“.
Погба наскоро мораше да се смири, затоа што досегашниот помошник тренер на Мурињо, Мајкл Керик му даде до знаење дека никој не е над клубот, и еској кој ќе има такво мислење ќе биде ставен на трансфер Листата.
Од друга страна на Погба сега му останува да се покаже на Оле Гунар Солскјер дека во неговите нозе има се уште магија.ѓ