Фудбал
Погба напиша само еден збор на Твитер и ја затресе фудбалската јавност: Што се спрема?
Фудбалерот на француската репрезентација Пол Погба ја заинтригира фудбалската јавност денес со објавата на Твитер.
Тешко е да се протумачи зборот „Утре“ на Погба, но начинот на кој тој ја објави пораката е премногу за размислување, особено за навивачите на Манчестер Јунајтед.
Свесни сме за разни маркетиншки трикови и можеби ова е еден од оние, а од друга страна, можеби Погба ја донесе одлуката за тоа каде ќе ја продолжи неговата кариера?
Многу се пишуваше за незадоволството на Французинот на „Олд Трафорд“, за потенцијалното враќање во Торино, трансферот во друг клуб, па со нетрпение го очекуваме тоа „утре“ што го објави играчот од средниот ред.
27-годишниот Французин оваа сезона има одиграно само 16 натпревари во Премиерлигата и има постигнато еден гол и четири асистенции.
TOMORROW ?
— Paul Pogba (@paulpogba) August 11, 2020