Connect with us

Фудбал

Погба напраи се за да ги избегне новинарите и прашањето за Барселона

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед во петокот на „Олд Трафорд“ го победиа Лестер со 2:1 во првото коло од новата сезона во англиската Премиер лига.

„Црвените Ѓаволи“ не се покажаа во најдобро светло, но за нив сигурно е најважно што успеаа да дојдат до трите бода. Од првата минута играше Пол Погба кој го постигна првиот гол за Јунајтед, а беше и еден од најдобрите на теренот. Погба се најде во центарот на вниманието на англиската јавност поради изјавата која повторно ја „врати“ приказната за заминувањето во Барселона.

Погба не сакаше да одговори на прашањето дали е среќен во Јунајтед, па само кажа дека некои работи не може да ги каже јавно затоа што ќе биде казнет. Ова повторно покрена лавина шпекулации околу тоа дали Погба ќе премине во Барселона. По натпреварот против Лестер новинарите го чекаа во микс зоната да го прашаат како стојат работите, но тој направи се за да го избегне тоа.

Имено, Погба наводно одлучил повторно да ги игнорира новинарите, а тоа го прави скоро на секој натпревар, но овој пат отиде чекор подалеку. Како што пишуваат англиските медиуми Погба воопшто не се појавил во микс зоната, тоа мора да го направи секој играч, а Погба излезе на друга врата и се упати кон својот дом.

Микс зоната се наоѓа на секој стадион и играчите мораат на патот кон автобусот да поминат низ неа. Нивно е да одлучат дали ќе застанат да дадат изјава на присутните новинари или само ќе поминат. Сепак, Погба воопшто не се појавило.