Connect with us

Фудбал

Погба: Никој не го критикуваат како мене, Ибра: Тоа е затоа што е богат и најдобар

Францускиот репрезентативец Пол Погба во емисијата „Telefoot“ кажа дека тој, посебно е на мета на критичарите.

Французите во неделата ја победија Австралија со 2:1 во првиот натпревар од Светското првенство во Русија, а Погба и покрај тоа беше доста критикуван.

„Имам помало право да правам грешки од другите. Од најголем трaнсфер дојдов до играч кој најмногу го критикуваат во светот“, кажа Погба.

Во негова одбрана застана шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ, кој кажа:

„Погба е контроверзен и медиумите секогаш зборуваат за него, но сепак мислам дека тоа е поради љубомора. Има голема плата и игра големи натпревари и турнири. Тој е најдобар играч од средниот ред на целиот свет и затоа многумина го мразат“.

Сепак, Погба и неговите соиграчи не покажаа многу против Австралија и ќе мора да се носат со големиот притисок, а очекувањата од француската јавност никогаш не биле поголеми.