Фудбал
Погба по натпреварот со Тотенхем покажа како треба лидерот да се однесува
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед беа поразени на домашен терен од Тотенхем (0:3) во натпреварот од третото кола во Премиер лигата.
„Црвените ѓаволи“ играа навистина добро во првото полувреме и имаа неколку одлични шанси да дојдат до водство, но остана 0:0. Во второто полувреме Тотенхем ја проби одбраната на Јунајтед. Гостите ги искористиа сите грешки на домашната екипа и од „Олд Трафорд“ заминаа со три бода.
По натпреварот за новинарите се обрати Пол Погба за кој во последно време се шпекулираше дека ќе го напушти клубот. Сепак, овој пат францускиот фудбалер одлучи да застане зад своите соиграчи и прв пат по долго време да покаже како еден лидер треба да се однесува.
„Дури и ние не разбираме што се случи. Игравме навистина добри, а потоа примивме два гола и се се распадна. Го имавме натпреварот и го контролиравме, а продолживме со нападите дури и кога беше 0:3 и покажавме карактер. Навивачите навистина беа зад нас и не бодреа. Ова не треба да не вознемири и сигурен сум дека од сето ова ќе се вратиме посилни од кога било. Жал ми е разочарани сме, но одиме понатаму“, кажа Погба.