Фудбал
Погба се плаши да говори за односите со Мурињо
Играчот од средниот ред Манчестер Јунајтед, Пол Погба истакна дека секој фудбалер треба да се чувствува удобно во тимот. Тој одби да коментира за ситуацијата на „Олд Трафорд“ и за евентуално постоење конфликт со тренерот Жозе Мурињо.
– Да, сега сум светски шампион, но јас сум се уште истиот Погба. Давам се од себе за доброто на Манчестер Јунајтед. Кога се чувствувате удобно, кога се е добро во вашата глава, тогаш се е полесно. Секако, полесно е кога луѓето имаа доверба во тебе, изјави Погба.
Французинот мината сезона немаше сјајни односи со менаџерот Мурињо.
– Дали ми е удобно во Манчестер Јунајтед? Постојат некои работи за кои може да се зборува, но има и такви за кои не можам да зборувам. Инаку, јас ќе бидам казнет, вели Погба во изјавата за англиските медиуми.