Connect with us

Фудбал

Погба со шокантна изјава: „Можеби ова е моето последно првенство“!

Репрезентативецот на Франција од средниот ред, Пол Погба изјави дека Светското првенство во Русија за него може да биде последно СП, но се надева дека ќе биде во форма и за следното.

„Можеби ова е моето последно првенство“, изјави 25-годишниот фудбалер кој игра за Манчестер Јунајтед на конференцијата за новинари во пресрет на последното коло од групата Ц во кое Франција игра против Данска во вторник. Франција веќе се пласира во осмина финалето и ќе биде прва во групата доколку избегне пораз од Данска.

„Реален сум, не знам дали селекторот ќе ме повика тогаш, можеби други играчи ќе бидат подобри“, додаде Погба.

„Се надевам дека се уште ќе играм на Светските првенства. Веќе имав среќа да настапам на две, а некои играчи сонуваат само за едно“.