Connect with us

Фудбал

Погледнете ги двата фантастични голови на Реал Мадрид, при вториот Елиф Елмас можеше само да гледа, ништо не можеше да стори (ВИДЕО)

Фудбалерите на Реал Мадрид синоќа го совладаа Наполи на гостински терен со резултат 3:2, а два голови на Кралевите, го обиколија светот. Домашните навивачи на стадионот „Диего Армандо Марадона“ веќе се радуваа во 19. минута кога Лео Остигард погоди за водство, а само осум минути подоцна Винисиус Јуниор го израмни резултатот. Потоа во 34. минута видовме вистинско ремек дело на Џуд Белингем. Фудбалерот во најдобрата форма на светот во моментов направи одличен соло-продор речиси од центарот, нареди неколку играчи на Наполи и погоди за водство на Реал од 2-1.

На почетокот на вториот дел Пјотр Зиелински го израмни резултатот на 2:2 и тој резултат остана на семафорот до самиот крај на натпреварот, а потоа во 78. минута го видовме најубавиот потег на натпреварот. По корнерот одбраната на Наполи ја одврати топката на 25 метри од голот, а таму Федерико Валверде беше подготвен да шутира.