Connect with us

Фудбал

Покетино: ПСЖ има што да му понуди на Мбапе

Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино истакна дека клубот ќе направи се за да го задржи Килијан Мбапе.

Во текот на летото се шпекулираше дека младиот француски фудбалер може да се пресели во Реал Мадрид. Потоа отворено призна дека побарал од управата на клубот да го напушти „Паркот на принцовите“.

Сепак, на крајот остана кај „светците“, со кои договорот му истекува на крајот на сезоната.

„Мбапе е добро момче, тој е многу зрел за некој кој има само 22 години“, рече Покетино.

„Килијан ќе ја донесе одлуката што треба да ја донесе, а клубот ќе направи се што може за да го задржи. Зборуваме за еден од најдобрите млади фудбалери во светот. Ситуацијата е отворена, се може да се случи во иднина. Се може да се промени. ПСЖ како клуб сигурно има амбиција, но и способност да го убеди да остане и да му понуди работи со кои би бил среќен.“

Што велите, дали има шанси Мбапе да остане во ПСЖ?

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама