Фудбал
Пол Погба им се извини на соиграчите
Манчестер јунајтед освои бод (0:0) во големото англиско дерби на гостувањето кај Ливерпул во неделата, но со малку среќа можеше да стигне до сите три.
Јунајтед е среќен затоа што успеа во тоа што многумина не го сторија, а тоа е да ја зачуваат мрежата на „Енфилд“ во дуел со актуелниот шампион. Сепак, ако Пол Погба или Бруно Фернандес беа само малку попрецизни, сите три бода ќе му припаднеа на Манчестер.
Французинот особено се чувствува виновен за пропуштената шанса во Ливерпул, па по натпреварот наводно им се извинил на соиграчите.
Погба во последно време успеа малку да ја подигне формата, а неодамна со неговиот гол Јунајтед славеше против Барнли.