Фудбал
Пол Погба се врати, но прашање е каде
Францускиот играч за врска Пол Погба е на крстопат во својата кариера.
Имено, Манчестер Јунајтед потврди дека тој треба да се врати на терените во февруари, но медиумите на Островот носат вест дека тоа нема да трае долго.
Иако Погба веќе се опорави, привремениот менаџер на „црвените ѓаволи“ нема да ризикува, па ќе почека до следниот месец со неговото враќање на терените.
Договорот на Погби со Манчестер Јунајтед истекува на лето, а откако влезе во последните шест месеци од договорот се стекна со право да преговара со други клубови, што и го направи.
Покрај тоа што го посакуваат Реал Мадрид и ПСЖ, 28-годишниот играч за врска е на прагот да се врати во Јувентус каде ги помина најубавите денови во кариерата.
Парите наводно нема да играат никаква улога бидејќи светскиот шампион од 2018 година со Франција сака да се врати во топ форма.
Да потсетиме, Погба се врати во Манчестер Јунајтед во летото 2016 година за 105 милиони евра, а сега е време за ново патување во Торино. Кариерата ја започна во Авр.
Оваа сезона Погба одигра 13 натпревари за Јунајтед и забележа седум асистенции.