Connect with us

Други спортови

Пол позиција за Хамилтон во Франција

Тимот на Мерцедес доминираше на денешните квалификации за Големата награда на Франција, а британскиот возач Луис Хамилтон беше најбрз и стигна до 75-та пол позиција во неговата кариера.

Втор беше неговиот тимски колега Валтери Ботас, а на третата позиција заврши Себастијан Фетел од Ферари.

На четвртата и петтата позиција се двајцата возачи на Ред Бул, Макс Верстапен и Даниел Рикиардо.

Трката за Големата награда на Франција се вози утре на патеката „Пол Ришар“.