Connect with us

Тајмаут

Полицијата го истражува случајот “Кариус”: Германскиот голман доби смртна закана

Германскиот голман на Ливерпул, Лорис Кариус добил закани смртна закана по натпреварот против Реал Мадрид.

Кариус направи две катастрофални грешки кои неговиот тим го чинеа титула за европски шампиони, а навивачите на Црвените беа бесни за неговата игра и оставија некои прилично страшни коментари на социјалните мрежи. 

“Ќе ја убијам твојата девојка, ќе ја убијам твојата девојка”, “Се надевам дека целото семејство ќе ти умре”, “Децата ти заслужуваат да умрат од рак”, се само некои од коментарите на социјалните мрежи, а полицијата од Ливерпул веќе започна истрага.

“Полицијата коментарите на социјалните мрежи од овој тип го сфаќа максимумот сериозно и секој што е идентификуван ќе дојде на сослушување”, изјави портпаролката на полицијата од Ливерпул во разговорот со „The Telegraph“.

Во овој момент на Кариус му е многу тешка, а со вакви коментари може само да му биде потешко и полошо. Се надеваме дека голманот на Ливерпул што е можно поскоро ке ги заборави грешките од натпреварот и дека кариерата ќе ја продолжи нормално.