Connect with us

Фудбал

Полска ја совлада Шведска и го продолжува патот до Мундијалот

Репрезентацијата на Полска е следниот патник на Мундијалот во Катар.

Полска на домашен терен славеше победа над Шведска со 2:0 и со тоа го чекираше билетот за Светското првенство во Катар.

Двата гола домашните ги постигнаа во вториот дел, а стрелци беа најдобрите играчи на селекцијата Роберт Левандовски и Пјотр Зиелински.

Левандовски погоди во 49. минута по успешен пенал и му донсе водство од 1:0.

Зиелински ја потврди победата на Полска во 73. минута од натпреварот и ги постави конечните 2:0.