Connect with us

Фудбал

Понижување за Кристијано Роналдо – Не е меѓу најдобрите ниту во Саудиска Арабија!

Еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, според многумина, Португалецот Кристијано Роналдо доживеа една од најголемите професионални бламажи. Роналдо оваа сезона настапуваше за Ал Наср од Саудиска Арабија. Се чинеше дека овој тим, предводен од легендарниот напаѓач, лесно ќе стигне до шампионската титула, но замина во рацете на големиот ривал Ал-Итихад, а игрите на петкратниот освојувач на Лигата на шампионите не импресионираа. Тоа го покажува и изборот на идеалниот тим за шампионатот на Саудиска Арабија, а ја нема ултимативната ѕвезда на натпреварувањето, Кристијано Роналдо. Да, Португалецот на 19 натпревари постигна 14 гола, но за најдобар напаѓач на првенството беше прогласен Нигериецот Одион Игало, кој своевремено беше прва ѕвезда на англискиот Ватфорд.