Connect with us

Ракомет

Поради коронавирусот РК Вардар нема да патува во Србија

Планираниот настап на турнирот во Кањижа, Србија кон крајот на месецов е откажан поради епидемиолошките состојби кај нашиот сосед. Таму беше планирано да настапи и Вардар 1961.

Покрај нашиот клуб на истиот турнир требаше да играат и НЕКСЕ и ПИК Сегед. Сега по откажувањето на турнирот тренерот Стевче Алушовски ќе може да ја воигрува екипата единствено на турнирот во Струга што е планирано да се одржи од 12 до 16 август.

Истовремено Алушовски размислува и за договарање на уште неколку дополнителни контролни натпревари овој месец. На 29 август е планирано во Скопје да се одигра реванш четвртфиналниот натпревар од СЕХА Газпром лигата со НЕКСЕ. Тоа е заостанат меч од минатата сезона, а победникот од тој двомеч ќе игра на завршниот турнир на Ф4 планиран за почетокот на септември во Задар, Хрватска. Екипата тренира во Скопје каде ќе остане се до заминувањето за Струга.