Connect with us

Фудбал

Поради помал проблем, потпишувањето на Манџукиќ за Милан е одложено

Марио Манџукиќ денеска требаше да потпише договор со Милан, но ќе мора да почека барем до утре.

Според бројни италијански медиуми, 34-годишниот хрватски напаѓач ќе потпише договор вреден 1,8 милиони евра до крајот на сезоната, со опција истиот да биде продолжен за една цела сезона за 3,6 милиони евра.

Сè помина добро на лекарските прегледи, но менаџерот на Манџукиќ е во Каљари, па ќе мора да почека за враќање во Милано.

Милан вечерва игра против Каљари на Сардинија, а Манџукиќ утре официјално ќе стане член на „росонерите“ и ќе биде во конкуренција за мечот со Аталанта.

Поранешниот репрезентативец на Хрватска е без клуб од минатото лето кога го напушти катарскиот Ал-Духаил, каде одигра само седум натпревари и постигна еден гол. Претходно играше за Атлетико, Јувентус, Баерн, Волфсбург, Динамо Загреб …