Фудбал
Поради пцуењето селекторот Ангеловски го отстрани Несторовски од националниот тим
Илија Несторовски нема да биде во репрезентацијата на мечот против Германија кој се игра во Дуизбург на 31-ви овој месец. Причина е неговото пцуење пред камерите во директниот пренос од натпреварот Македонија-Лихтенштајн (5:0). Откако ја прегледал целата снимка селекторот Игор Ангеловски одлучил да го отстрани од националниот тим.
-Бидејќи вчера на прес-конференцијата кажав дека од кога ќе ја погледнам снимката ќе ја коментирам ситуацијата со Несторовски сакам да и го соопштам на јавноста следното. Најнапред драго ми е што се извини и што даде свое објаснување зошто го направил тоа, но такво однесување од репрезентативец не може да помине несанкционирано, затоа е ослободен од обврските за следниот натпревар со Германија, изјави Ангеловски.