Connect with us

Фудбал

Поради Суарез за Јувентус ќе се бара исфрлување во Серие Б, истрагата во тајност?!

Италијанскиот весник „Gazzeta del Sud“ под знакот ексклузивно објави информација дека истрагата за испитот за италијански јазик на Луис Суарез пред десетина дена во Перуџа, ќе се води во строга тајност. Во моментов обвинителството ја прекинало истрагата, но само за момент, бидејќи премногу информации протекувале во јавноста.

Наводно обвинителот од Перуџа Рафаеле Кантоне ја прекинал за момент истрагата за да се смират страстите и да видат каде протекуваат информациите, со оглед на тоа дека побарал поголема тајност со цел да има непречена истрага.

Од друга страна, пак, пишува весникот, здружението „Кодаконс“, кое е здружение за заштита на околината, но и правата на корисниците и потрошувачите најави дека по судски пат ќе побара, доколку се докаже дека Јувентус имал влијание за Суарез успешно да го мине тестот, ќе бараат исфрлување на „Старата дама“ во Серие Б.

Имено, Суарез пред десетина дена беше во Перуџа за да го полага испитот за познавање на италијански јазик. Успешно го минал тестот, а подоцна се појавија информации од пресретнати телефонски разговори помеѓу деканот на Универзитетот, со професор, но и директорот на Јувентус, Паратиќи, дека наводно Уругваецот не знаел ниту еден збор правилно италијански, но сепак морал да го положи испитот, бидејќи како што било кажано во телефонските разговори зима 10 милиони евра годишна плата.

Завчера во просториите на обвинителството во Перуџа на разговор беа адвокатите на Јувентус.