Фудбал
Поради временските услови, ФФМ ги одложи натпреварите од вторите лиги
Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го одложи стартот на пролетната сезона во Втората лига (ВМФЛ – Исток и ВМФЛ – Запад), кој беше планиран за следната сабота, поради студеното време и снегот кој ги прекри фудбалските терени. Второлигашите ќе ги одиграат своите дуели во вторник на 6. март, одлучи Комисијата за натпревари при ФФМ.
Снегот го одложи и вонредното коло во ПМФЛ закажано за утре. Натпревари од првата лига се закажани за во недела, но истите се уште се под знак прашалник поради временските услови.
Освен дуелите во првата и втората лига, одложен е и стартот на масовниот „Пандев Куп“ во Струмица.