Фудбал
Поради Зидан се руши традиција постара од половина век?
Зинедин Зидан се уште е без ангажман. Се шпекулираше дека популарниот „Зизу“ го чекаат на француската клупа, но се поголеми се шансите Дешам да остане на чело на „триколорите“ и по уште едно финале на Мундијалот. Французите сакаат да го нападнат ЕВРО 2024.
Прашање е колку Зидан е подготвен да ја чека конечната одлука на француската ФА, особено ако Бразилците се подготвени да му веруваат и да му ја дадат клупата.
L’Equip пренесува дека Зидан ги исполнува сите услови за нов селектор на Бразил. Тој е странец, има одлична кариера и е слободен. Планот на јужноамериканската репрезентација е првпат да го препушти раководството на првиот тим на Бразил на странец, нешто што не се случило од 1965 година кога Бразилците ги предводеше Аргентинецот Филипо Нуњез.