Connect with us

Фудбал

Поранешен фудбалер на Челзи го понижи Атлетико Мадрид: Како да игравме против второлигаш

Челзи го совлада Атлетико Мадрид со 2:0 на „Стемфорд Бриџ“, па со вкупни 3:0 обезбеди пласман во четвртфиналето во ЛШ. Англискиот тим беше подобар во текот на целиот меч, но изјавата на поранешниот играч на „сините“ Џо Кол сигурно нема да се допадне на никој во Атлетико. Тој го понижи овој тим како никој досега.

Имено, Џо Кол во улога на стручен коментатор за „Би-Ти Спорт“ изјави дека овој меч изгледаше како Челзи да играше против второлигаш.

-Изгледаше како Челси да игра против добар тим од втората лига, или некој од тимовите кои се борат за опстанок во Премиер лигата, изјави Кол.

Инаку, Кол за Челзи играше од 2003-та до 2010-та и со овој тим три пати ја освои Премиер лигата, два пати ФА Купот, еднаш Лига Купот, а играше финале во ЛШ во 2008-ма кога Челзи загуби од Манчестер Јунајтед на пенали.