Кошарка
Поранешен играч на НБА е уапсен поради уништување автомобил
Поранешниот играч на Бостон Селтикс и Далас Маверикс во Националната кошаркарска асоцијација Делонте Вест беше уапсен на 15 октомври бидејќи упаднал во туѓ автомобил, јавуваат американските медиуми.
Против поранешниот кошаркар се поднесени четири обвиненија, меѓу кои и за консумирање големи количини алкохол на јавно место.
Полицијата го приведе Вест на местото на злосторството, кое беше јавен паркинг, иако тој се обиде да побегне. Поранешниот кошаркар доби 24 часа притвор, по што беше пуштен на слобода. Случајот против Делонте Вест ќе се расправа на 9 ноември годинава.
Ова нема да биде прв пат кошаркарот да се соочи со суд. Претходниот пат беше во 2009 година, кога Вест беше обвинет за трговија со оружје додека сè уште беше активен играч.
Делонте Вест беше 24-ти пик на драфтот во 2004 година. Тој помина 9 сезони во НБА играјќи за Бостон Селтикс, Сиетл Суперсоникс (сега Оклахома Сити Тандер), Кливленд Кавалирс и Далас Маверикс.