Connect with us

Фудбал

Поранешен португалски репрезентативец потпиша за нов клуб, а по 20 дена заминува?!

Поранешниот репрезентативец на Португалија, Бруно Алвеш потпиша договор со Фамаликао, откако три сезони играше во Парма. Сепак, 39-годишниот дефанзивец, по само 20 дена одлучи да го раскине договорот. Како што јавуваат португалските медиуми, Алвеш е во кавга со тренерот Виеира и поради тоа не сака наредната сезона да го носи дресот на овој клуб, во кој своевремено играл и неговиот татко.

Алвеш од 2007-ма до 2018-та играше за репрезентацијата на Португалија, забележа 96 мечеви и 11 голови. Во кариерата играл за Ренџерс, Каљари, Фенербахче, Зенит и Порто.