Connect with us

Фудбал

Поранешен соиграч со совет до Меси: Најдобро ти е да одиш во Манчестер Сити

Поранешниот фудбалер на Менчестер Сити Пабло Забалета и соиграч на Лионел Меси во аргентинската репрезентација порача дека најдобро би било за неговиот сонародник да се пресели во Англија, односно токму во клубот во кој играше тој.

-Ако Меси одлучи да ја напушти Барселона и сака да игра во најдобрата лига, тогаш мора да ја почуствува Премиер лигата. Тоа ќе го интересира, бидејќи сите играчи ме прашвуваат каква е Премиер лигата, вели Забалета, притоа додава:

-Лео со години е во Ла лига и мислам дека за него би била голема атракција да го почуствува англискиот фудбал, а Манчестер Сити е тим кој нуди совршени услови. Одлично го познава и Пеп Гвардиола, вели Забалета.