Connect with us

Фудбал

Поранешниот агент на Левандовски на суд бара околу девет милиони евра

Минхен, 18 септември 2020 (МИА) – Поранешниот агент на напаѓачот на Баерн, Роберт Левандовски, Цезари Кухарски го тужеше играчот, пишува „Шпигел“.

Кухарски има сериозни обвиненија против поранешниот клиент, особено тврди дека Левандовски – како и неговата сопруга Ана – незаконски подигнал неколку милиони евра од заедничката компанија за маркетинг „РЛ Менаџмент“.

Кухарски бара отштета од околу 39 милиони полски злоти (околу 9 милиони евра). Левандовски изјави дека тужбата сè уште не стигнала до него. Тој ги негира обвинувањата на екс агентот.

Полскиот фудбалер ја нарекува тужбата неоснована и го обвинува Кухарски за уцена. зс/