Фудбал
Поранешниот фудбалер на Арсенал и Манчестер Сити е збунет од ВАР
Поранешниот играч на Арсенал и Манчестер Сити, Бакари Сања, даде интересна порака по натпреварот помеѓу Вест Хем Јунајтед и Манчестер Јунајтед, кој „црвените ѓаволи“ го добија со 1:2.
Имено, Сања не може да го разбере ВАР и неговата употреба бидејќи, според него, имало многу судиски грешки на споменатиот натпревар, кои ВАР не ги прегледал.
„Може ли некој да ми објасни ВАР …“, напиша Сања на својот Твитер профил.
Can someone explain the VAR to me…i don’t get it anymore ???? @WestHam vs @ManUtd
— Bacary Sagna (@Sagnaofficial) September 19, 2021
Англичаните беа најмногу критикувани за користење ВАР-, особено по минатата сезона кога мереа до милиметри. Го исфрлија тоа, но се чини дека се уште не се снашле и збунуваат многу љубители на фудбалот со своите одлуки.
Сања одигра и 65 натпревари за француската репрезентација, а последен клуб во кариерата беше Монтреал, кој се натпреварува во МЛС.