Connect with us

Фудбал

Поранешниот голман на Јунајтед: Игало може да стане новиот Кантона за Јунајтед

Манчестер Јунајтед во финишот на зимскиот преоден рок донесе напаѓач, но не големо име како што сите очекуваа туку 30 годишниот Одион Игало. Марк Боснич смета дека одлуката на клубот да го донесат нигерискиот напаѓач Одион Игало на последниот ден од преодникот рок е одлична и дека тој може да стане новиот Ерик Кантона за „ѓаволите“.

„Овој трансфер беше „прва помош“ бидејќи Рашфорд во овој момент е надвор од теренот. Сепак, сметам дека Јунајтед и понатаму е во трка за местото кое води во Лигата на шампионите, па овој потег е логичен. Игало нема што да изгуби затоа што никој не очекува ништо од него. Никогаш не знаете. Јунајтед во минатото го доведе Ерик Кантона од кого не се очекуваше мнгоу, но на крајјот клубот со него ја имаше една од најдобрите сезони во историјата“, изјави Боснич за „Скај Спорт“