Connect with us

Ракомет

Поранешниот голман на Металург обвинет за сексуално вознемирување

Поранешниот голман на македонскиот ракометен вицешампион Металург,  Дарко Станиќ, кој сега е државен секретар во Министерството за млади и спорт во Србија, се најде во големи проблеми. Тој беше обвинет за сексуално вознемирување.

Во Нови Сад, НВО Атина која што е невладина организација одржала претставување на анализите за корелација на родните стереотипи и насилство.  Еден од гостите бил и Дарко Станиќ. Тој според обвинението од невладината организација, ги навредил жените, но и својата колешка. За припадничките на понежниот пол рекол дека „не се добри возачи“ и „која е таа жена што вози добро“, а потоа наводно ја ударил колешката со документите по задникот.

-Со своето однесување, господинот Станиќ демонстираше нерамноправност меѓу жените и мажите која постои во нашето друштво, користејќи за својата позиција за демонстрирање сила и насилничко однесување. Напоменуваме дека постојат и видео докази за целата оваа ситуација, и тоа може да се провери“, се вели во обвинението од организацијата.

На оваа изјава одговор имаше и поранешниот српски ракометен репрезентативец

-Прво мислев дали воопшто да зборувам нешто, бидејќи не сакам да правам шпанска серија од нешто што некој си го гледа на свој начин. Иако како спортист со домашно воспитување, сепак ќе кажам нешто. Најмал проблем е да си одам од мојата функција ако јавноста смета дека некого сум навредил. Тоа околу задникот и слично…Ве молам, тие ја штитат мојата колешка од мене?!  Личноста која работи со мене ја бранат од нејзиниот пријател? Размислувам само кој пршлен и го допрев со документите… Дајте да ја видиме снимката, можеби во мојот мозок имало некој прекин, да видам што толку страшно направив. Жал ми е што таа девојка се вовлекува во оваа приказна. Навистина ја почитувам еднаквоста на сите луѓе, било тоа да е однос маж кон маж, жена кон жена, дали се работи за бојата на кожа или мислење. Самото наше постоење значи и апсолутен слободен избор. Да се разбереме, мене не ми се допадна начинот на кој тоа истражување беше направено бидејќи беше непотполно!  Без информација за изворите и со бројни пропусти, повеќе од 90% од работите не беа во ред. Но, повторувам, дискутираме, секогаш тргнувам од себе. Можеби и јас грешам, можеби сум грешел, но го признавам веднаш тоа! Што се однесува за констатацијата дека жените не се добри возачи. Тоа беше само шега, сепак не сме во концентрационен логор, истакна Дарко Станиќ.