Тајмаут
Поранешниот шампион во НБА остро го нападна Трамп: „Замолчи и направи нешто еб*н кловну!“
Во Соединетите американски држави тензиите со коронавирус продолжуваат да растат како резултат на зголемениот број позитиви случаи, па дури и Кина е надмината по број на заболени.
Сепак, приоритет на претседателот Доналд Трамп е да се спаси економската состојба, што предизвика многу критики низ целата земја.
ЈР Смит, поранешен играч на Кливленд Кавалиерс, експлодираше против Трамп на социјалните медиуми откако американскиот претседател на Твитер објави медиумите да не пренесуваат погрешни или фабрикувани информации.
Поранешниот шампион во НБА со Кливленд во 2016 остро одговори: „Замолчи и направи нешто, еб*н кловну!“ изјави 34-годишниот стрелец.
Ова не е првпат некој поранешен или сегашен ас во НБА да упати остри критики на социјалните медиуми кон Трамп. Неодамна, Џереми Лин, поранешен кошаркар во НБА, кој сега игра во Кина, го обвини Трамп за расизам зата што коронавирусот го нарече „кинески вирус“.
Во моментов има повеќе од 123.000 пациенти во САД и 2229 смртни случаи.
