Connect with us

Фудбал

Порано го критикуваше, сега го величи Алиоски

Алиоски влезе во фантастична серија постигнувајќи голови на последните четири натпревари, Македонецот игра во одлична форма а пофалби стигнуваат од сите страни, дури и од тие кои до неодамна го критикуваа.

„Мислам дека полека но сигурно тој се адаптира во Чемпионшиплигата, тоа се покажа и на последниот натпревар“, вели Ноел Велан.

„Тој се поправи во нападите и во одбраната, помага. Сега се’ посилен и посилен, тоа може лесно да се констатира по неговите дуели на теренот и на начинот на кој што игра“.

Претходно Велан беше многу остар кон Алиоски, тој изјави: „Дали имал или не интернационална пауза, јас би го исфрлил него бидејќи неговиот учинок досега во тимот е рамен на нула“.