Фудбал
Порто ќе го пречека Челзи на неутрален терен
Коронавирусот продолжува да ги отежнува плановите за спортистите и клубовите.
Во првиот дуел од четвртфиналето, тимот на Порто ќе се сретне со Челзи на неутрален терен, а причина за тоа е моменталната забрана за патување на релација Англија-Португалија за време на пандемијата на коронавирусот.
Порто и Челзи, најверојатно, својот натпревар ќе го играат во Севилја, но официјалната потврда се уште се чека.
Во осминафиналето, стадионите во Будимпешта и Букурешт беа неутрални.