Connect with us

Фудбал

Португалија е во осминафинале, Роналдо се радуваше на голот, но запишан е Фернандеш (ВИДЕО)

Португалија го совлада Уругвај со 2:0, па со шест бодови по два меча си обезбеди осминафинале. Првиот гол го прослави Роналдо, но сепак на крајот е запишан на Бруно Фернандеш бидејќи официјалните лица сметаат дека тој не ја допрел топката. Впрочем, тоа добро се виде на повторената снимка. Конечните 2:0 ги постави исто така Брунп Фернандеш од пенал. Сепак, на крајот помалку важно е кој ги постигнал головите, а повеќе важно е дека Португалија е во осминафинале.