Connect with us

Фудбал

Португалците бесни на Роналдо: Го уништи последниот напад со својот очајнички потег (ВИДЕО)

Репрезентацијата на Португалија синоќа во Лисабон беше поразена од Србија со 2:1 и пласман на Светското првенство ќе мора да бара преку баражот.

Португалија беше во одлична ситуација пред синоќешниот натпревар бидејќи на крајот и беше доволен бод за пласман на Светското првенство, но не успеа да го постигне тоа.

Домашните фантастично го отворија натпреварот и поведоа во втората минута кога Ренато Санчес погоди за 1:0, но до крајот на натпреварот Србија направи пресврт.

Решавачкиот детал од натпреварот се случи во 90. минута кога Александар Митровиќ го замолкна стадионот во Лисабон и го постигна победничкиот гол.

Португалија имаше четири минути судиско надополнување за да се обиде да израмни и да се пласира во Катар, но на крајот не успеа сериозно да ја загрози српската репрезентација.

Посебно критикуван беше Кристијано Роналдо кој со очајнички потег очајно го уништи последниот сериозен напад на својот тим.

Роналдо доби една долга топка на дваесетина метри од голот на Србија, а потоа ги шокираше сите кога се обиде да шутира од вртење кон голот на гостите, но топката ја испрати во задниот ред на трибините.

На многумина не им беше јасно зошто Роналдо го направи тоа и со тоа ја уништи акцијата на својот тим, но беше видливо и колку е исфрустриран што тимот прими гол во 90. минута и го загуби првото место во групата. Неверојатниот потег на Роналдо можете да го погледнете.

Португалците во март ги очекуваат бараж натпреварите на кои сигурно ќе бидат фаворити за пласман на Мундијалот.

Реклама

Facebook

Реклама