Фудбал
Последните часови од хаос во Барселона: До 23:59 мора да го регистрираат Олмо или ќе замине како слободен!
Фудбалскиот гигант Барселона влезе во последните часови на неизвесност околу Дани Олмо, фудбалер кој мора да биде пријавен до вечерва или ќе го напушти клубот како слободен играч.
Барселона од летото се мачи да го регистрира Олмо, но тоа можеше да го стори само до 31 декември благодарение на Андреас Кристијансен. Каталонскиот гигант има рок до 23:59 часот денеска да ги пријави Дани Олмо и Пау Виктор, за да може да играат во вториот дел од сезоната.
⌛️El Barça tiene hasta las 23.59 horas de hoy para lograr la inscripción de Dani Olmo
👉El club ya ha presentado la documentación de la venta de los asientos VIP a la patronal para que le dé su OK y se pueda inscribir a Dani y a Pau Víctor
✍️ @ffpolohttps://t.co/7B7mAs7SKb
— Mundo Deportivo (@mundodeportivo) December 31, 2024
Претседателот на клубот Жоан Лапорта го смисли последниот начин како да го реализира, а тоа е продажба на ВИП места на стадионот. Зделката на Барселона ќе и донесе 100 милиони евра, но се уште не е финализирана. Во врска со ова Ла Лига вчера ја доби документацијата која клубот ја испрати на валидација.
Сега се чека Ла Лига, која треба да ги потврди условите за продажба на катарската компанија и уште еден понудувач. Исто така, Ла Лига побара Барселона да достави копии од договорот и потврда дека клубот веќе добил аванс за споменатата операција за да има гаранција дека продажбата ќе ги обезбеди потребните приходи.
Во тој случај, доколку целата документација и гаранција пристигне на адресата на Ла Лига во текот на денот, Олмо ќе биде успешно регистриран.
Доколку тоа не се случи, сигурно е дека шпанскиот репрезентативец ќе го напушти клубот, а во ред стојат градските ривали Манчестер Јунајтед и Сити кои сакаат да го доведат во своите редови.