Тајмаут
Последно коло во лигата, а пред Манчестер Сити уште седум големи рекорди
Зад Манчестер Сити е сезона за памтење во Премиер Лигата. Граѓаните под водство на тренерот Пеп Гвардиола се закитиа со домашниот шампионат.
Сепак, ова не е крај на достигнувањата во Премиер Лигата за оваа сезона. Денес е последното коло на англиското првенство во кое Граѓаните гостуваат кај Саутемптон и имаат можност да постават нови седум рекорди.
Освоена титула со најголема бодовна разлика
Моменталниот рекорд го држи Манчестер Јунајтед со 18 бода разлика над Арсенал
Најдобра гол разлика
Рекордот го држи Челзи со 71 гол разлика, но Сите моментално има 78+ така што овој рекорд може да се рече дека ќе одите во рацете на Манчестер Сити.
Гостински победи
Граѓаните во оваа сезона имаат 15 победи, исто како Челзи во 2004/2005, но денес Сити има можност за поставување нов рекорд.
Најмногу поени на гости
48 – Победата на Манчестер Сити ќе значи нов рекорд на Премиер Лигата за бројот на бодови добиени во гости (50). Во моментов, рекордот од 48 поени го има Челзи, исто така, од сезоната 2004/2005. Сити моментално има 47.
Најмногу голови во гости
Ливерпул постигна 48 гола во сезоната 2013/2014, додека Сити во оваа сезона во моментов има 44. Тимот на Гвардиола ќе треба да посигне пет гола против Саутемптон за да го сруши овој рекорд.
Најголем број на победи во една сезона
Моментало, Граѓаните се изедначени со Тотенхем, кој во сезоната 1960/1961 запиша 31 победа. Денеска Сити има можност за да запиши 32 победи.
Најголем број освоени поени
Моменталниот рекорд го држи Ливерпул уште од сезоната 1978/1979 кога успеа да освои 98 поени. Граѓаните оваа сезона имаат 97 поени, а на денешниот натпревар имаат шанса да се запишат во историјата со уште еден рекорд кој долго ќе се памети.