Connect with us

Фудбал

Постигна 33 голови, но Гвардиола го критикува Халанд: Го нема на големите мечеви, 19 пати ја пипна топката со Јунајтед

Манчестер Сити има се помалку шанси за освојување на шампионската титула во Англија по поразот во градското дерби од Јунајтед (2:1), откако на половина од сезоната заостанува цели осум бода зад лидерот Арсенал. Итно ќе треба да корегираат многу работи во својата игра за да ја одбранат титулата, а покрај тоа што Ерлинг Холанд е најдобар играч во Премиер лигата оваа година – токму Пеп имаше поплаки за него.

Халанд во домашното првенство постигна 21 гол, во сите натпреварувања има дури 33, но не се прослави ниту против Ливерпул, ниту против Челзи, ниту против Јунајтед… Не само што не постигна гол против некој од овие тимови, туку беше практично невидлив за време на натпреварот на „Олд Трафорд“ и кога не е запишан на семафорот – веднаш неговата игра е под лупа.

-Ние го имаме тој проблем во моментов бидејќи кога тимовите ќе го преполнат својот шеснаесетник, тој тешко доаѓа до израз. Мислам дека на натпреварот против Јунајтед тој дури имаше доволно контакт со топката, но не го најдовме во просторот што се отвораше, ќе мораме подобро, изјави Гвардиола за новинарите.