Connect with us

Фудбал

Постигна гол во 90. минута, па рече: „Би сакал да играм секогаш против затоа што навистина не ми се допаѓаат“

Фудбалерите на Шефилд Јунајтед во саботата на домашен терен го добија Дерби со 1:0 во натпреварот од 9. коло на англиското првенство.

Шефилд успеа да победи во 90. минута од натпреварот кога судијата досуди пенал за домашниот тим.

Одговорноста од пенал ја презеде Били Шарп кој постигна гол за 1:0 и тоа жестоко го прослави пред гостинските навивачи кои го навредуваа за време на играта.

По натпреварот, Шарп даде изјава и рече дека е исклучително среќен што постигнал гол против клуб што не му се допаѓа.

„Би сакал да играм против нив секоја недела. Нивните фанови не покажаа почит кон мене и тие го заслужија ова на крајот што го добија. Среќен сум што ги постигнав гол затоа што навистина не ми се допаѓаат“, рече Шарп и додаде:

„Бев нервозен пред пеналот бидејќи промашив против Хал, но бев пресреќен кога топката влезе во мрежата. После тоа, ме обземаа емоции“.

Шефилд Јунајтед моментално се наоѓа на 11. место со 12 бода, додека Дерби е во тешка ситуација откако им беа одземени бодовите, а сега имаат -2 бода и се на последната позиција.