Connect with us

Фудбал

Постигнат е договор, Далиќ останува селектор на Хрватска

Златко Далиќ и во иднина ќе ја води фудбалската репрезентација на Хрватска соопштија од фудбалскиот сојуз на Хрватска.

Далиќ на Светското првенство ги доведе „Ватрените“ до историски успех, меѓутоа овие недели прашањето беше дали се уште ќе ја води Хрватска, но сега сите дилеми се отстранети.

Далиќ се состанал со претседателот на фудбалскиот сојуз на Хрватска Давор Шукер, а исходот за досегашната соработка е позитивен.

„Ми беше важно отворено да разговарам со претседателот Шукер за сите теми и му се заблагодарувам за разбирањето за тоа што не сметам дека е коректно. Мислам дека ги решивме сите такви теми и се радувам на новите предизвици“ кажа Далиќ.

Така Далиќ дефинитивно ќе ја води Хрватска на претстојните натпревари против Португалија и Шпанија за кои списокот ќе го објави на 20. август.