Фудбал
Постигнат е договор, Ренато Санчес пристигнува во Премиер лигата!
Португалскиот фудбалер Ренато Санчес ќе го напушти Лил и ќе го засили Ливерпул.
Како што објави новинарот Енцо Бучиони, Лил ја прифатил понудата од Ливерпул и се верува дека Португалецот ќе ги засили „црвените“ за само 20 милиони евра во текот на јануари.
Санчес минатата година замина во Лил од Баерн Минхен, што го донесе од Бенфика како голема фудбалска надеж, но 23-годишниот фудбалер не успеа во целост да ги исполни очекувањата.
Она што е сигурно сепак е дека тој е врвен фудбалер кој може да биде многу корисен за тимот на Клоп на патот кон одбрана на титулата.
Португалецот веќе играше во Англија за екипата на Свонси како позајмен играч на Баерн и имаше 12 настапи, но повредата го спречи да остави поголема трага.