Фудбал
Потегот на Роналдо направи Кока-Кола да изгуби неверојатна сума за неколку минути!
Кристијано Роналдо е најпопуларниот фудбалер на денешницата и секој негов потег има глобално влијание.
Во пресрет на мечот против Унгарија, Роналдо пред себе виде две шишиња Кока-Кола, веднаш ги стави настрана и зеде шише вода во рацете.
По тој повод, тој со неколку зборови рече дека е подобро да се пие вода отколку газиран пијалок. Неколку секунди беа доволни за да предизвика вистински „земјотрес“
Гестот на Роналдо имаше многу негативно влијание врз американската компанија, особено ако се земе предвид цената на акциите пред и по „моментот на Кристијано“.
Отстранувањето на две шишиња пијалоци направи Кока-Кола да изгуби неверојатни четири милијарди долари за кратко време.
Do NOT put Coca Cola in front of Cristiano Ronaldo ?
This is absolutely brilliant ? pic.twitter.com/bw9FYlTOI4
— Goal (@goal) June 15, 2021
Берзите во Европа се отворија во 15 часот. Во тоа време, една акција на Кока-Кола беше 56,10 американски долари.
Половина час подоцна кога Роналдо и Фернандо Сантос се појавија во прес-салата на стадионот Ференц Пускас, вредноста падна на 55,22 долари по акција.
Ова значи дека за кратко време е забележан пад од 1,6%, што значи дека вредноста на компанијата падна од 242 милијарди на 238 милијарди. Значи, загубата е четири милијарди долари.
Роналдо во неколку наврати во минатото изјави дека е многу важно децата да имаат здрава исхрана. Тој дури и јавно го коментираше недоразбирањето што го има со неговиот син.
„Понекогаш пие Кока-Кола и Фанта и јаде чипс. Тој многу добро знае дека не ми се допаѓа тоа“, рече Роналдо, што е јасен показател за тоа колку е важно неговото здравје.
Овој пристап на Роналдо воопшто не е изненадување, бидејќи здравиот начин на живот, правилната исхрана и начините на тренинг го „подмладија“ за неколку години, со оглед на тоа што иако има 35 години, тоа воопшто не се забележува во неговата форма.