Connect with us

Фудбал

Потресна снимка, легендарниот Пеле од болнички кревет се простува од семејството (ВИДЕО)

Како што пренесуваат медиумите ширум светот, поранешниот бразилски фудбалер Пеле веќе се простил од семејството и пријателите од болничкиот кревет.

Објавено е и потресно видео од болницата кое можете да го погледнете во продолжение, а не се оптимистички ниту пораките на членовите на семејството.

Состојбата на Пеле се влоши во последниот месец, тој беше примен во болница на 29 ноември, а срцето и бубрезите сега се загрозени поради рак на дебелото црево. Божиќ го помина во болница, а децата на Пеле споделија слики со нивниот татко на социјалните мрежи.

„Се уште сме тука, во борба и со верба. Уште една заедничка ноќ“, напишала неговата ќерка на фотографијата.

„Болеста на Пеле напредува и му треба некој да биде со него за време на лекувањето на проблемите со бубрезите и срцето“, велат од болницата „Алберт Ајнштајн“, каде што се лекува Бразилецот.

Пеле има 82 години, легенда на бразилскиот и светскиот фудбал и предводник на една од најдобрите селекции во историјата, која трипати со него на теренот го освојуваше Мундијалот – во 1958, 1962 и 1970 година. Во декември 2000 година ја подели наградата за најдобар фудбалер на 20 век со Диего Марадона.