Фудбал
Потврден трансферот на Паулињо кој го шокираше светот
Бразилецот Паулињо ја напушти Барселона по само една сезона.
Иако Паулињо беше брилијантен во изминатата сезона и беше еден од играчите кои донесоа многу бодови на Барселона, тој одлучи да го напушти клубот ова лето и да се врати во Кина.
Тој повторно стана член на тимот на ГЗ Евергранде, од каде што минатото лето се пресели во Барселона. Интересно е тоа што Барса го плати 40 милиони евра во тоа време, а сега го праќа на едногодишна позајмица, за кој што кинескиот клуб ќе плати 50 милиони евра.
Барса направи очигледно одлична работа иако е фудбалер кој има многу придонесено за тимот, додека од друга страна, работата на кинескиот тим никому не му е јасна.
Да се потсетиме, Паулињо играше вкупно 43 натпревари за Барселона минатата сезона и постигна девет гола со три асистенции.