Фудбал
Потврдено, Барселона го има првото засилување за јануари
Барселона во самата завршница од преодниот рок се обиде да донесе засилувања, но не успеа во намерата. Еден од нив беше Мемфис Депај од Лион, со кого било договорено се, но не успеале навреме да пристигнат документите, па Ла Лига одби да го регистрира.
Но, во јануари напаѓачот ќе се пресели на „Камп Ноу“, а тоа го потврди и првиот човек на Лион.
-Мемфис е разочаран, но не поради нас, туку поради Барселона. Бартомеу му кажал дека не знае што може да се случи. Мемфис беше подготвен да жртвува многу само да се пресели таму. Ќе направи се во јануари да биде член на Барселона. Од помош е тоа што и ние имаме договор со нив, вели претседателот на Лион Жан Мишел Ола.