Фудбал
Потврдено заминувањето на Вудворд: Јунајтед има нов директор
За нов извршен директор на Манчестер Јунајтед е назначен Ричард Арнолд, кој таа функција ќе ја преземе од 1 февруари.
Само еден ден претходно, мандатот на Ед Вудворд како извршен потпретседател истекува, па Арнолд може да се смета за негов директен наследник.
„Почестен сум за шансата да му служам на овој голем клуб и на навивачите. „Решен сум да и возвратам на таа чест на најдобар начин“ , рече Арнолд.
ℹ️ We are pleased to announce that Richard Arnold will become Chief Executive Officer of the club, effective from 1 February.#MUFC
— Manchester United (@ManUtd) January 6, 2022
Задоволство од неговото назначување изрази и еден од водечките луѓе на клубот Џо Глејзер.
„Би сакал да му се заблагодарам на Ед Вудворд за неговата работа во изминатите девет години како извршен потпретседател. Со нетрпение очекуваме да ги назначиме Ричард и неговиот тим да отворат нова фаза во напредокот на клубот“ , рече Глејзер.