Фудбал
Повеќе не е тајна каде Лихтштајнер ќе ја продолжи кариерата
Швајцарецот, Стефан Лихтштајнер изјави дека ќе го напушти Јувентус на крајот од оваа сезона.
Лихтштајнер во последно време немаше доволна минутажа во дресот на старата дама, па одлучи да не го продолжи договорот и крајот на сезоната да го промени клубот. Швајцарецот откри дека ќе ја продолжи својата кариера надвор од Италија, но не сакаше да открие за кој клуб ќе потпише.
Сепак, според италијанските медиуми овој искусен дефанзивец има големи шанси својата кариера да ја продолжи во Германија. Наводно, Лихтштајнер веќе се договорил со Борусија Дортмунд и за неколку дена треба да потпишат.
Дортмунд овој играч го контактираше пред неколку недели за да се договорат за условите од договорот, бидејќи Лихтштајнер ќе отиде како слободен играч. Се очекува дека овој 34-годишен фудбалер ќе потпише за германскиот тим во следните неколку дена.