Connect with us

Фудбал

Повикот на Путин за Абрамович ја реши Суперлигата, а за сè е виновна Саудиска Арабија

Германскиот „Suddeutsche Zeitung“ носи нова возбудлива приказна за Суперлигата.

Суперлигата требаше да започне на почетокот на следната сезона, но се распадна само 48 часа откако беше објавено кои 12 европски великани имаат намера да играат. Беа потврдени Реал Мадрид, Барселона, Атлетико, Јувентус, Интер, Милан, Ливерпул, Тотенхем, Челси, Арсенал, Манчестер Јунајтед и Манчестер Сити.

После жестокиот притисок и огромната критика, клубовите се откажуваа еден по друг од Суперлигата, иако официјално Реал, Јувентус и Барселона сепак не се откажаа како идеи креатори на целиот проект.

Германски „Suddeutsche Zeitung“ тврди дека рускиот претседател Владимир Путин му се јавил на сопственикот на Челзи, Роман Абрамович, кого го притиснал да се откаже од Суперлигата бидејќи руски „Гаспром“ е главниот спонзор на Лигата на шампионите на УЕФА и сопственик на Зенит. На крајот на краиштата, Зенит доаѓа од Санкт Петербург, каде ќе се играат финалињата во Лигата на шампионите во 2022 година, како и одредени натпревари на Европското првенство ова лето.

Русија го организираше Светското првенство во почетокот на 2018 година, а Путин сакаше да биде во добри односи со ФИФА и УЕФА, па затоа буквално му нареди на Абрамович да го повлече својот Челзи од Суперлигата.

Откако Челси се повлече од лигата, се повлече и Манчестер Сити. Наводно, финансиери на Суперлигата биле Саудиска Арабија и нејзиниот принц Мохамад бин Салман. Дел од овие проекти не сакаа да бидат Мансур бин Зајед, сопственикот на Сити и шеикот на Обединетите Арапски Емирати.

ПСЖ претходно одби да се приклучи на Суперлигата, а Германците тврдат дека и емирот на Катар, сопственик на ПСЖ, одбил да биде во проект финансиран од ривали од Саудиска Арабија, земја што го држи Катар под блокада

Истиот извор открива и дека Флорентино Перез е најодговорен за влегувањето на Саудиска Арабија во проектот. Претседателот на Реал ја води и АЦС, најголемата градежна компанија во Шпанија. Така, тој ја доби реализацијата на проектот на забавниот центар Квидија во Саудиска Арабија, вреден 6,5 милијарди евра, но и спонзорски договор со кој Реал го промовира проектот со хонорар од 150 милиони евра.