Фудбал
Повреда во најлош момент, Левандовски е во животна форма, но ги повреди лигаментите на десното колено
Лоши вести за Баерн Минхен, но и селекцијата на Полска. Роберт Левандовски нема да настапи на квалификацискиот меч против Англија. Причина е повреда на лигаментите на десното колено на мечот против Андора по што мораше да биде заменет.
Дополнителните прегледи покажале дека станува збор за оштетување на лигаментите, а според првичните информации поради ваквата повреда мора да мирува најмалку десет дена. Сепак, откако ќе се врати во Минхен, Левандовски ќе мора да направи дополнителни тестирања за да се види колку е сериозна повредата и колку точно ќе трае рехабилитацијата.
Ова секако се лоши вести за Полска, Баерн Минхен, но и самиот Левандовски кој игра во животна форма.